Ребалансот на Буџетот денеска на пленарка
Во Собранието, на пленарна седница, дополнетиот ребаланс на Буџетот, кој го достави Владата, по завршувањето на амандманската расправа. Вкупните приходи се планирани на речиси 380 милијарди денари, додека расходите се проектирани на близу 426 милијарди денари...

Во Собранието, на пленарна седница, дополнетиот ребаланс на Буџетот, кој го достави Владата, по завршувањето на амандманската расправа. Вкупните приходи се планирани на речиси 380 милијарди денари, додека расходите се проектирани на близу 426 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од бруто-домашниот производ, а очекуваниот економски раст е поставен на 3,5 проценти. Дополнителни средства се предвидени за земјоделските субвенции, железничкиот сообраќај, спортот, студентскиот и ученичкиот стандард и за здравствената и социјалната заштита. Повеќе пари се насочуваат кон социјалните надоместоци за поддршка на најранливите категории граѓани.
Најголемото зголемување е кај капиталните инвестиции, за кои се планирани околу 46 милијарди денари, за 14,5 проценти повеќе во споредба со првично донесениот буџет. Расправата трае 5 дена.
