БЛИСКИ ИСТОК

12 дена САД интензивно напаѓаат цели во Иран

23.07.2026 09:03

Пред последната рунда напади, американскиот претседател се закани дека ќе уништи по еден ирански мост или електрана доколку Техеран цели кон бродови во Ормускиот теснец...

Јеменските Хути велат дека нападнале два саудиски танкери за нафта во Црвено Море, додека САД 12 ноќ по ред извршија напади врз Иран. Пред последната рунда напади, американскиот претседател се закани дека ќе уништи по еден ирански мост или електрана доколку Техеран цели кон бродови во Ормускиот теснец.

„Тие се погодени толку силно. И тие сакаат да склучат договор. Но, јас велам дека тие не се подготвени, затоа што секој пат кога ќе склучат договор, тие сакаат да го променат. Не се подготвени, но ќе бидат многу наскоро“. изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Претседателот Трамп им оддаде почит на загинатите четворица припадници на американската војска кои беа убиени на Блискиот Исток и вратени кај нивните семејства во воздухопловната база во Делавер. Ова е трет ваков ритуал на кој присуствува претседателот Трамп откако ја почна војната во Иран во февруари.