Законите за високо образование и студентски стандард денеска пред пратениците
Собранието денеска ќе ја одржи 116. седница на чиј дневен ред се четири закони од областа на образованието и научноистражувачката дејност...

Собранието денеска ќе ја одржи 116. седница на чиј дневен ред се четири закони од областа на образованието и научноистражувачката дејност.
Меѓу точките на дневниот ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кој ќе се разгледува по скратена постапка. Пратениците ќе дебатираат и за Предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, кој е во фаза на прво читање.
На седницата ќе бидат разгледани и Предлог-законот за научноистражувачката дејност, како и Предлог-законот за високото образование, кој исто така е ставен на дневен ред во прво читање.
