Зеленски ја финализираше реконструкцијата на Владата
Промените на највисоко ниво во владата имаа за цел да ги запрат политички превирања и протести што траеа речиси една недела...

Украинскиот претседател ја финализираше реконструкцијата на владата, именувајќи нов началник на Генералштабот. Промените на највисоко ниво во владата имаа за цел да ги запрат политички превирања и протести што траеа речиси една недела. Зеленски, исто така, рече дека заедно со неговиот тим разговарале со американските преговарачи Виткоф и Кушнер, додавајќи дека се придвижува дипломатскиот процес за завршување на војната.
„Денес, новиот врховен командант на вооружените сили на Украина, Михаило Драпати, официјално ги презеде своите должности – промените веќе се случија. Заедно со Михаило, и Јевгениј Хмара, утврдивме дека Игор Скибјук ќе стане нов началник на Генералштабот на вооружените сили на Украина – таа одлука е веќе донесена. Ова се луѓе проверени во битки, искусни. Војниците ги познаваат“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, потврди дека денеска ќе разговара со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров на маргините на самитот на АСЕАН.
