ИТАЛИЈА

Пожари беснеат на Сицилија

23.07.2026 15:22

Противпожарен авион пристигна да помогне со огнената стихија, од друго жариште на Сардинија...

Неколку пожари избувнаа низ италијанскиот остров Сицилија. Стотици жители од два града беа евакуирани, додека пожарникарите работеа на спречување на ширењето на пламените јазици. Противпожарен авион пристигна да помогне со огнената стихија, од друго жариште на Сардинија. Со денови, италијанската агенција за цивилна заштита ја прогласуваше цела Сицилија за највисок ризик од пожари.

„Пекол, вистински пекол! Куќи горат таму горе. За жал, таква е ситуацијата со овие високи температури“, изјави Салваторе Бадаламенти, оператор за цивилна заштита.

„Тоа е трагедија. Изгубивме стотици хектари земјоделски култури. Изгубивме стотици хектари шуми, пејзажи, објекти посветени на земјоделство, штали и стотици хектари земја за нашите животни“, изјави Доменико Ферлита, локален земјоделец.

Освен Италија, и други европски земји периодов се соочија со пожари предизвикани од топлото и суво време. Глобално, 2025 година беше третата најжешка година досега, носејќи силни топлотни бранови низ Европа. Научниците предупредуваат дека климатските промени ја влошуваат фреквенцијата и интензитетот на топлината и сушата, особено во југоисточна Европа.