Рубио на средба со шефот на руската дипломатија Лавров за решавање на украинската криза
Напорите на САД за посредување за крај на војната се во делумен застој поради војната на Блискиот Исток...

На маргините на самитот на АСЕАН на Филипини, американскиот државен секретар Рубио на средба со шефот на руската дипломатија Лавров за решавање на украинската криза. Напорите на САД за посредување за крај на војната се во делумен застој поради војната на Блискиот Исток. На фронтот, нападите продолжуваат.Киев повика на итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации поради напади врз бродовите во Црно Море. Во меѓувреме, украинскиот претседател ја финализираше реконструкцијата на Владата, именувајќи нов началник на Генералштабот.
Промените на највисоко ниво во владата имаа за цел да ги запрат политички превирања и протести што траеа речиси една недела.
