Нафтените рафинерии на ИДИЛ мета на напади на САД и коалицијата
Нафтените реафинерии во Сирија кои се под контрола на Исламската држава и главен извор на финансии на екстремистичката организација, главна мета на воздухопловните сили на САД и коалицијата.
ИДИЛ контролира шест од 10 нафтени полиња во Сирија, и четири мали полиња во Ирак. Воената офанзива следи по апелот на американскиот претседател Барак Обама до лидерите на земјите учесници на заседанието на ОН да се придружат на коалицијата.

Белгија и Холандија испратија авиони во Ирак, а Британија денеска ќе гласа дали нивните сили ќе се придружат на оалицијата за борба против ИДИЛ.
Во меѓувреме бројот на Европејците којшто се приклучуваат на борбите во Сирија и во Ирак се зголеми на повеќе од 3.000.
Ирачкиот премиер Ал Абади повикувајќи се на сигурни извори изјави дека Исламска држава планира серија терористички напади во САД и во Париз, Американските официјални лица ги негираат неговите предупредувања, тврдејќи дека немаат докази за такви закани.