Крушево

И водата во Крушево е бактериолошка неисправна, не се препорачува за пиење

23.07.2026 18:20

Јавното претпријатие „Комуна“ од Крушево, повикувајќи се на информации од Центарот за јавно здравје од Прилеп, вели дека водата во Крушево е бактериолошки неисправна, па препорачува локалните жители за пиење да користат пакувана вода...

Јавното претпријатие „Комуна“ од Крушево, повикувајќи се на информации од Центарот за јавно здравје од Прилеп, вели дека водата во Крушево е бактериолошки неисправна, па препорачува локалните жители за пиење да користат пакувана вода.

Поради утврдената бактериолошка неисправност, граѓаните се советуваат за пиење да користат исклучиво флаширана вода.

Според „Комуна“, водата од градскиот водовод, како вода за лична хигиена, приготвување на храна, перење и миење на садови, жителите можат да ја користат само после превривање од минимум 10 минути.

Овие препораки ќе останат во сила сè додека не бидат добиени три последователни исправни примероци од водата.

Оттаму посочуваат дека Центарот за јавно здравје - Прилеп ќе биде во постојана комуникација со надлежните институции и ќе ги информира жителите на Крушево.