Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h)...

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m2). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
