ФРАНЦИЈА
Околу 20 илјади луѓе евакуирани југозападно од Бордо
24.07.2026 10:26
Локалните власти соопштија дека пожарот во шума југозападно од Бордо, се проширил на повеќе од 31 квадратен километар, нема пријавени повредени...

Околу 20 илјади луѓе се евакуирани од градовите и одморалиштата по должината на францускиот атлантски брег, поради пожари. Локалните власти соопштија дека пожарот во шума југозападно од Бордо, се проширил на повеќе од 31 квадратен километар, нема пријавени повредени.
Повеќе од 10.000 луѓе, вклучувајќи туристи кои престојуваа во кампови, беа преместени на безбедно преку ноќ, заедно со повеќе од 1.000 жители кои живеат во станбени области по должината на шумата.
