Град Скопје
Унгарски „Икарус“ избран за набавка на 100 нови автобуси за Скопје
24.07.2026 09:43
Автобусите ќе бидат набавени преку компанијата „Икарус“, а, во соработка со ЕВН Македонија...

„Икарус“ избран за набавка на 100 нови автобуси за Скопје-информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. По успешно завршената тендерската постапка и јавното наддавање, набавката влегува во завршна фаза, напиша градоначалникот.
„Ова е историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП „Скопје“ и почеток на нова ера во јавниот градски превоз – помодерен, почист, побезбеден и подостоинствен за скопјани“, наведува Ѓорѓиевски.
Автобусите ќе бидат набавени преку компанијата, а, во соработка со ЕВН Македонија. Започнат е десетдневниот рок за жалби, по што ќе биде потпишан договорот, за испорака на автобусите.
