Големи шумски пожари во Франција, Шпанија и Италија
Повеќе од 20 илјади луѓе се евакуирани од југозападниот дел на Франција поради големи шумски пожари што продолжуваат неконтролирано да се шират низ департманот Жиронда. Во исто време, големи огнени стихии беснеат и во Шпанија и Италија...

Повеќе од 20 илјади луѓе се евакуирани од југозападниот дел на Франција поради големи шумски пожари што продолжуваат неконтролирано да се шират низ департманот Жиронда. Голем дел од евакуираните се туристи сместени во камповите. Од безбедносни причини затворени се повеќе шумски патишта и туристички локации.
Противпожарната служба предупреди дека временските услови дополнително ја усложнуваат ситуацијата. Франција побара помош од Европската Унија. На почетокот на неделата, двајца пожарникари загинаа при гаснење на друг голем пожар во близина на аеродромот во Бордо.
Во исто време, големи огнени стихии беснеат и во Шпанија и Италија. Владата во Мадрид прогласи регионални вонредни состојби.
