Руски „Сојуз“ се спои со Меѓународната вселенска станица
Вселенскиот брод полета доцна синоќа од космодромот Бајконур. 45 минутното спојување помина без проблеми...

На земјата на различни страни, во вселената пријатели. Рускиот вселенски брод „Сојуз“ се спои со Меѓународната вселенска станица. Во капсулата се рускиот командант Макс Сураев, инженерот за лет од НАСА Рејт Вајсман и Александар Герст од Европската веленска агенција.
Вселенскиот брод полета доцна синоќа од космодромот Бајконур. 45 минутното спојување помина без проблеми.
Карактеристично за овој лет е што во екипажот првпат во последните 20 години е вклучена и жена - руската космонаутка Елена Серова. Нејзината претходничка Елена Кондакова во 1994 година изврши петмесечен орбитален лет на станицата „Мир“.
На вселенскиот брод „Сојуз “, исто така, се наоѓаат и космонаутот на „Роскосмос“ Александар Самокутјаев и астронаутот на НАСА Бари Вилмор.
И Американците и Русите и Европјаните задоволни од мисијата.
