Македонија

Населението старее, потребата од домови за стари лица е сè поизразена

26.07.2026 15:40

Населението старее, потребата од домови за стари лица е сè поизразена. Во Кочани со средства од унгарскиот заем ќе се гради дом за стари, а доизградбата на домовите во Штип и Пробиштип чекаат правна разврска …

Голема е потребата од домови за стари лица во источниот регион. Има само два дома со минимален капацитет, едниот во Берово со околу 60 места и неколку апартмани во Штип за дваесеттина лица. Листите на чекање се долги и најголем дел од старите од источниот регион сместување бараат во домовите во Куманово, Скопје, Радовиш и Неготино.

Долгонајавуваниот дом за стари во Кочани наскоро ќе започне да се гради. Изведувачот е избран, се вршат последните подготовки на теренот.

Во Пробиштип се планира адаптација на поранешниот интернат во дом за стари, а во здравствениот дом ќе има Оддел за геријатрија.

Домот за стари во Штип и по десет години е недоизграден заради нерешен правен статус. Сега се чека мислењето на Државното правобранителство.

Славица Величковска