Економија

Повисока цена на нафтата, нови предизвици за домашниот буџет

24.07.2026 19:26

Растот на цената на суровата нафта на светските берзи, го отвора прашањето дали повторно ќе се зголемат цените на горивата и во Македонија. Владата најавува можност за повторно намалување на ДДВ-то на горивата. Ваквата мерка ќе го заштити стандардот на граѓаните, но ќе ја зголеми буџетската дупка сметаат експертите …

Растот на цената на нафтата, дирекно би се одразило врз транспортот, цените на храната и животниот стандард на граѓаните. Владата не ја исклучува можноста повторно да интервенира со намалување на ДДВ-то на горивата. Според универзитетскиот професор Дејан Трајковски-постојат два начини. Првиот е да не се презема ништо, односно цената да ги следи берзанските движења, вториот е откажувањето од дел од данокот и акцизите и на тој начин да го ограничи растот на цените, која според него не е добра мерка за домашниот буџет.

Вакви краткорочни мерки не се само нешто што го правиме ние како држава, ова се презема и во останатите земји од регионот и пошироко. Ова е неопходно за компаниите, бидејќи енергенсите дирекно влијаат врз конкурентноста и трошоците како влезен импут на голем дел од компаниите-вели Виктор Мизо.

Според професорот Трајковски – единствен начин во којшто можеме сите ние да учествуваме, во време на вакви ценовни шокови на берзите-да ја ограничиме употребата на нафтените деривати, како што било во седумдесеттите за време на големата нафтена криза и на тој начин да ги намалиме трошоците.

Александра Максимовска