Паушален данок за земјоделците

24.12.2013 11:36

До 31 декември помалите фармери треба да се пријават за плаќање на данок на доход

 Сите земјоделци кои заработиле помалку од 1,3 милиони денари, данокот ќе го плаќаат паушелно. Парите од субвенциите не влегуваат во оваа сума.

Земјоделците кои годинава заработиле до 5 илјади евра целосно се ослободние од плаќање данок на доход.

За заработени повеќе од 21 илјада даночното олеснување е 80 проценти од остварениот приход.

Доколку земјоделската дејност е дополнително занимање, исто така се плаќа  80 проценти помал данок.

Сите фармери кои годинава не го оствариле никаков приход до 31 декември ќе треба да достават само пријава  до Управата за јавни приходи.

Со паушалната  наплата според Управата, им се олеснува работата на фармерите и немора да водат деловни книги.

Основа за пресметување на данокот е разликата меѓу остварениот вкупен приход и признатите трошоци.

Во пресметките не се вклучени субвенциите.