Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини по три месеци излегува од притвор
Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини по три месеци излегува од притвор. За да биде на слобода заложил недвижен имот од над 1,15 милиони евра како гаранција, информираат од Кривичниот суд. Како мерка на претпазливост за обезбедување на неговото присуство на Сејдини му се одземени патните документи...

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини по три месеци излегува од притвор. За да биде на слобода заложил недвижен имот од над 1,15 милиони евра како гаранција, информираат од Кривичниот суд. Како мерка на претпазливост за обезбедување на неговото присуство на Сејдини му се одземени патните документи.
Во притвор е од 24-ти април годинава поради опасност од бегство и можност за попречување на истрагата преку влијание врз сведоци. Подоцна, мерката му беше продолжена со одлука на Кривичниот совет.
Беше избран за в. д. претседател на Фудбалската федерација на Македонија во март 2019, па за претседател на редовно собрание.
