Култура

Австриска вечер на „Охридско лето“

24.07.2026 12:13

Пијано дуото Денис Расел Дејвис и Маки Намекава вечерва ќе настапи на традиционалната Австриска вечер на фестивалот „Охридско лето“ која се одржува со поддршка на Австриската амбасада во земјава.

Пијано дуото Денис Расел Дејвис и Маки Намекава вечерва ќе настапи на традиционалната Австриска вечер на фестивалот „Охридско лето“ која се одржува со поддршка на Австриската амбасада во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Денис Расел Дејвис и Маки Намекава прв пат концертно соработуваат во 2003 година. По нивниот одличен настап на Фестивалот „Арс Електроника“ во Линц, двајцата одлучуваат да започнат постојана соработка како пијано дуо. Оттогаш до денес редовно настапуваат низ Европа и САД, во престижни концертни сали и на Клавирскиот фестивал во Рур, на „Радиалсистем“ во Берлин, на фестивалите во Рајнгау и во Салцбург, на „Клангспурен“ и „Арс Електроника“, на фестивалот во „Линколн центарот“ во Њујорк, во салата „Бенароја“ во Сиетл, на фестивалите во Вашингтон, Калифорнија и Абу Даби.