АХВ

Уништени околу 2.700 овци поради појава на сипаници, сточарите на средба со претставници на АХВ

24.07.2026 12:44

Поради ширењето на сипаниците кај малите преживари, кои досега доведоа до уништување на околу 2 илјади и 700 овци во земјава, претставници на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“ денеска ќе одржат работна средба со Агенцијата за храна и ветеринарство на која ќе се разговара за актуелната состојба и натамошните мерки за справување со болеста...

Поради ширењето на сипаниците кај малите преживари, кои досега доведоа до уништување на околу 2 илјади и 700 овци во земјава, претставници на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“ денеска ќе одржат работна средба со Агенцијата за храна и ветеринарство на која ќе се разговара за актуелната состојба и натамошните мерки за справување со болеста.

Од Управниот одбор на сојузот велат дека состојбата со болеста внимателно се следи од ветеринарните инспектори и ветеринарните друштва, а за секој сомнителен случај што ќе го пријават сточарите, веднаш се излегува на терен.

За да се спречи натамошното ширење на заразата, надлежните служби продолжуваат со засилени контроли и мониторинг на фармите, а сточарите се повикуваат навремено да го пријавуваат секој сомнеж за појава на болеста.