Германската фудбалска федерација нема да плати отштета за Клоп
Сепак, како знак на благодарност кон австриската компанија, која се согласи спогодбено да го раскине договорот со Клоп, раководството на Германската фудбалска федерација ќе донира еден милион евра на фондацијата „Wings for Life“ („Крилја за живот“).

Германската фудбалска федерација нема да плати ниту едно евро за ангажманот на Јирген Клоп, иако тој имаше важечки договор со компанијата „Ред Бул“, каде што ја извршуваше функцијата глобален директор за фудбал.
Сепак, како знак на благодарност кон австриската компанија, која се согласи спогодбено да го раскине договорот со Клоп, раководството на Германската фудбалска федерација ќе донира еден милион евра на фондацијата „Wings for Life“ („Крилја за живот“).
„Wings for Life“ е меѓународна непрофитна фондација основана од „Ред Бул“, чија мисија е да пронајде лек за повредите на 'рбетниот мозок.
Фондацијата е организатор на глобалната трка „Wings for Life World Run“, хуманитарен настан што секоја година обединува илјадници учесници ширум светот во поддршка на истражувањата за лекување на повредите на 'рбетниот мозок.
