Конференциска лига: Нов пораз на Вардар во натпреварувањата на УЕФА
„Црвено-црните“ одлично го отворија натпреварот и поведоа со 1:0, но грешките во одбраната скапо ги чинеа.

Вардар со 3:2 беше поразен од Рига во Скопје и сега го очекува тешка задача на реваншот да ја надомести негативата од еден гол и да избори пласман во третото квалификациско коло од Конференциската лига.
Ништо ново за Вардар на европската сцена. И на вториот домашен натпревар во квалификациите за натпреварувањата на УЕФА, актуелниот македонски шампион повторно доживеа пораз. Во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига, Вардар загуби од летонска Рига со 2:3.
„Црвено-црните“ одлично го отворија натпреварот и поведоа со 1:0, но грешките во одбраната скапо ги чинеа.
Вардар се најде во негатива од 1:2, а по израмнувањето на 2:2 имаше можност повторно да поведе. Сепак, гостите од Летонија го постигнаа својот трет гол и стигнаа до победа од 3:2.
Со овој пораз, Вардар ги загуби двата домашни европски натпревари оваа сезона. Сега, како и против Купс во претходното коло, ќе се обиде на гостински терен да направи изненадување и да го продолжи својот настап во Европа, наместо европското лето да заврши по само 180 минути одиграни во Скопје.
