Егнатија и Цеље ремизираа во спектакуларен натпревар

24.07.2026 12:45

Словенечкиот тим успеа да израмни непосредно пред крајот на првото полувреме преку Квесиќ.

Егнатија одигра 3:3 против словенечки Цеље во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

На стадионот „Арена Егнатија“, домаќините одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во 7. минута, кога по ударот на Битри, топката заврши во мрежата по несреќна интервенција на Даниел.

Словенечкиот тим успеа да израмни непосредно пред крајот на првото полувреме преку Квесиќ.

Во второто полувреме Цеље поведе со голот на Куцис, но Егнатија веднаш возврати преку Фернандо.

Капитенот на словенечкиот тим, Квесиќ, повторно се запиша во листата на стрелците и донесе ново водство за Цеље, но Диабате уште еднаш израмни за Егнатија, по неколкуте пропуштени шанси на домашниот состав.

Во самиот финиш од натпреварот, гостите беа блиску до победнички гол, но ударот на Даниел заврши во стативата.

Натпреварот заврши без победник, 3:3, а патникот во следната рунда ќе биде решен на реваншот што ќе се одигра по една седмица.