Јуниорски Евросонг 2026

Познати 16-те земји учеснички на Јуниорскиот Евросонг 2026 – Македонија ќе ја претставува Ана Стојаноска

24.07.2026 14:27

Песната „Идната Јас“ на авторот Никола Мицевски, со која Ана Стојаноска ќе ја претставува Македонија на годинашниот Јуниорски Евросонг, ќе се натпреварува меѓу 16-те земји учеснички, откако Европската радиодифузна унија (EBU) и Јавниот радиодифузен сервис на Малта (PBS) официјално го потврдија списокот на учесници за изданието во 2026 година...

Песната „Идната Јас“ на авторот Никола Мицевски, со која Ана Стојаноска ќе ја претставува Македонија на годинашниот Јуниорски Евросонг, ќе се натпреварува меѓу 16-те земји учеснички, откако Европската радиодифузна унија (EBU) и Јавниот радиодифузен сервис на Малта (PBS) официјално го потврдија списокот на учесници за изданието во 2026 година.

Годинава на натпреварот ќе учествуваат јавните радиодифузни сервиси од Албанија, Ерменија, Кипар, Франција, Грузија, Ирска, Италија, Малта, Црна Гора, Холандија, Македонија, Полска, Португалија, Сан Марино, Шпанија и Украина.

Директорот на Јуниорскиот Евросонг, Мартин Грин, истакна дека натпреварот претставува прослава на креативноста и музичкиот талент на младите, додека домаќинот PBS најави продукција која ќе создаде незаборавно искуство за учесниците и публиката.

Јуниорскиот Евросонг 2026 ќе се одржи во Malta Fairs & Conventions Centre (MFCC) во Та‘ Кали, со почеток во 21:00 часот (CEST), а Малта ќе биде домаќин на натпреварот по третпат.

Минатогодишното издание во Тбилиси достигна публика од 16 милиони гледачи.