Комисијата за заразни болести

Здравствените власти не ја исклучуваат појавата на жолтица во Гостивар

24.07.2026 18:16

Нема зголемување на бројот на заразени граѓани, лекувањето е симтоматско и засега може да помине само по себе без посебна терапија, но здравствените власти не ја исклучуваат појавата на жолтица во Гостивар. Од Комисијата за заразни болести велат дека системот има капацитет за справување. Различни се резултатите до земените примероци од водоводната мрежа...

Не се исклучува појава на жолтица кај заразените кои пиеле загадена вода, но здравствените власти уверуваат дека се подготвени соодветно да реагираат.

Која бактерија или вирус е причинител на труењето, не може да се утврди кога станува збор за хидрична епидемија, уверува претседателката на Комисијата за заразни болести, Шопова. Додава дека цревните бактерии се самолимитирачки што значи го напуштаат организмот без специфична терапија.

Присуство на холиформни и мезофилни аеробни бактерии и намален резидуален хлор, различни резултати покажале микробиолошката и физичко-хемиската анализа на мострите од 13 локации од водоводната мрежа во Гостивар-според податоците од ИЈЗ.

Директорката Андоновска потенцира дека ИЈЗ не може да направи контрола без налог од Инспекторат или одредена институција.

Над 3.000 лица побарале лекарска помош во Гостивар, на возраст од една година до 80-годишници. Последниве денови бројот се намалува на 100-тина пациенти

Александра Велинова