Пенлива материја од Лепенец се влева во Вардар - инспекциите на терен
Покриена со бела пена во голема количина, реката Лепенец се влеваше во Варвар. Градот Скопје и Министерството за животна средина со инспекциски контроли и со дронови на терен. Се бараат сторителите.
Најверојатно е несовесна постапка на правен субјект во близина на вливот, вели градоначалникот на Скопје, Георгиевски.

„Нашите инспекциски служби веднаш излегоа на терен, а дополнително ги контактиравме и инспекциските служби на Министерството за животна средина кои исто така веднаш излегоа на терен. Дополнително, од страна инспекциските служби на град Скопје, беше пуштен и дрон за детектирање на причинителот на оваа појава, а службите од ЈП „Водовод и канализација“ беа повикани за да земат примероци од реката и веднаш ги испитаат и утврдат за каква материја станува збор. Во комуникација сме со Министерството за животна средина и министерот и верувам дека за брзо време ќе биде откриен причинителот на оваа појава и соодветно санкциониран“, вели градоначалникот.