Временска прогноза

Сончево со мала до умерена локална облачност

25.07.2026 08:37

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.