Скопје
Мистериозна бела пена го прекри Вардар, се испитува дали станува збор за опасна материја
25.07.2026 09:12
Белата пена што се појави на реката Лепенец, кај нејзиното влевање во Вардар, предизвика итна реакција на надлежните институции. По пријава за непозната материја, инспектори од Министерството за животна средина и Град Скопје излегоа на терен...

Белата пена што се појави на реката Лепенец, кај нејзиното влевање во Вардар, предизвика итна реакција на надлежните институции. По пријава за непозната материја, инспектори од Министерството за животна средина и Град Скопје излегоа на терен.
ЈП „Водовод и канализација“ зеде примероци од водата за анализа. Надлежните институции соопштија дека по завршувањето на испитувањата ќе биде утврдено за каква материја станува збор и дали има загадување на реката Вардар.
