Центар за јавно здравје Прилеп

Водата во Крушево бактериолошки неисправна

25.07.2026 13:00

Крушевчани сè уште се снаоѓаат со вода за пиење и домашна употреба. На сила останува забраната за користење на водата од градскиот водовод како бактериолошки неисправна. Прилепскиот центар за јавно здравје испитува примероци и најрано во вторник ќе се знаат конечните резултати. Засега првиот примерок покажува исправност. А прилепчани пак, немаат проблеми. Водата ем исправна, ем доволна, ама мора рационално да се троши...

Сè уште е на сила забраната за пиење и домашна употреба на водата во Крушево. Така ќе биде додека не стигнат сите три последователни примероци за анализа. Првиот примерок земен во средата денеска покажа исправност, велат од прилепскиот Центар за јавно здравје, но водата не смее да се употребува додека не се потврди од сите три примероци, најрано до вторник. Крушевчани се мачат и се снаоѓаат.

Во Прилеп пак, нема проблеми со водата за пиење. Ем е исправна, ем има доволни количества иако потрошувачката е зголемена.

Прилепски водовод води строга контрола, нагласуваат од претпријатието.

Потрошувачката во жештините е за околу 30 проценти поголема. Од Студенчица доаѓаат преку 280 литри вода во секунда. Прилеп има и свои извори. Се апелира за рационално користење на водата за пиење.

Елизабета Митреска