Украина

Зеленски предупредува за нов руски масовен напад

25.07.2026 11:13

Зеленски додаде и дека се подготвува за претстојната средба со Трамп и неговиот тим...

Украинскиот претседател предупредува дека Русија подготвила и ќе изврши нов масовен напад, па оттука Украина мора превентивно да одговори преку акции на фронтот, напади со долг дострел, санкции, дипломатија и соработка со партнерите. Зеленски додаде и дека се подготвува за претстојната средба со Трамп и неговиот тим.

„Од разузнавачки извори и од нашите партнери знаеме дека русите подготвиле ракети за нов масовен напад врз Украина. Прелиминарните информации покажуваат дека ќе се случи во следните 48 часа. Ве молиме, останете безбедни и обрнете внимание на сирените за воздушен напад“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.