Очекуван тек на светското првенство
Денеска во Италија мрежите мируваат. Ден за одмор на одбојкарските Амазонки, за средување на првите мундијалски впечатоци, зо ковење на натамошната стратегија. По првите три излегувања на натпреварувачката сцена јасна е доминантноста на неколку селекции: Бразилките, олимписки шампионки, Русинките ,светски првенки, Италијанките со препознатливата домашна мотивираност, Кинеските како носителки на група, Американките, Србинките...се селекциите без пораз досега.

Денеска во Италија мрежите мируваат. Ден за одмор на одбојкарските Амазонки, за средување на првите мундијалски впечатоци, зо ковење на натамошната стратегија. По првите три излегувања на натпреварувачката сцена јасна е доминантноста на неколку селекции: Бразилките, олимписки шампионки, Русинките ,светски првенки, Италијанките со препознатливата домашна мотивираност, Кинеските како носителки на група, Американките, Србинките...се селекциите без пораз досега. Вториот ешалон го сочинуваат Доминиканската Република, Германија, Јапонија, Холандија...Без поголеми резултатски трауми минува првиот мундијалски чин, а со неколку блесоци. Неочекуваниот беше триумфот на Азербејџан над Јапонија, драматичен беше маратонот кој Доминиканската Република го доби против Германија. Аргентина, Тунис, Камерун, Мексико, Казахстан ја издеферентираа својата улога на аутсајдери. Во таа категорија во моментов е и Куба со три порази. Куба е одбојкарска велесила со три светски и 3 олимписки титули од која за жал денес е останато само големото име.Во деновите пред нас ќе уследат интересни натпревари. Главните премрежија се очекуваат во две групи за обезбедување на виза и позиција за втората рунда.За две места во Б групата ќе војуваат одбојкарките на Турција, Бугарија и Канада. Речиси во идентична ситуација се Азербејџан, Порторико и Белгија во Д групата.
Сликата за првите три мундијалски дена е убава. Во прекрасно уредените сали се игра добра одбојка, можеби е преурането, но Италија како домаќин ќе мора да вложи многу напор амбиентално да се приближи на спектакуларноста на штотуку завршеното машко светско првенство во Полска.
После 3 одиграни кола:
„А“ група:
1.Италија 9
2.Доминиканска Реп. 7
3.Германија 7
4.Хрватска 4
5.Аргентина 0
6.Тунис 0
„Б“ група:
1.Бразил 9
2.Србија 8
3.Турција 4
4.Бугарија 3
5.Канада 3
6.Камерун 0
„Ц“ група:
1.Русија 9
2.САД 9
3.Холандија 6
4.Тајланд 3
5.Мексико 0
6.Казахстан 0
„Д“ група:
1.Кина 9
2.Јапонија 7
3.Азербејџан 4
4.Порторико 4
5.Белгија 3
6.Куба 0
