АМСМ

Зголемена фреквенција на возила на „Богородица“ и „Табановце“

25.07.2026 12:01

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 20 минути, додека пак на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.