Надмудрувања за одговорноста за Гостивар
Додека власта ја обвинува локалната власт за кризата во Гостивар, во СДСМ потенцираат дека ова е показател за системски колапс на државните институциите под команда на премиерот Христијан Мицкоски...

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика на одговорност градоначалникот Валбон Лимани за кризата со водата во Гостивар. Велат на власт во локалната самоуправа се СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари и затоа ако на овие политички субјекти им се важни граѓаните, како што потенцираа во ВМРО-ДПМНЕ, тогаш, секојдневно треба да бараат од првиот човек на Гостивар кој е нивни кадар да одговара, и да поднесе оставка. Сепак како што додаваат во владејачката партија, на централно ниво има одговорна власт која реагира навремено и носи соодветно мерки за заштита на граѓаните.
СДСМ со критики на работењето на актуелната власт која според нив катастрофално се справува во санирање на последиците од кризата со загадената вода во Гостивар. Ја повикаа централната власт да одвои пет милиони евра наменети за прославата за независноста на земјава и да ги стави во функција за изградба на пречистителни и филтер станици, резервоари за вода, обнова на водоводни цевки и нови инсталации.
Додека власта ја обвинува локалната власт за кризата во Гостивар, во СДСМ потенцираат дека ова е показател за системски колапс на државните институциите под команда на премиерот Христијан Мицкоски.
Игор Панов
