Муцунски и Османи во јавен конфликт околу билатералните протоколи со Бугарија
Османи тврди дека изјавата на актуелниот министер потврдува оти протоколите не се дел од преговарачката рамка. Муцунски возврати дека Османи ги извртува фактите и дека токму тој ја довел државата во сегашната позиција...

Муцунски и Османи влегоа во јавен судир околу билатералните протоколи со Бугарија и преговарачката рамка со Европската унија. Османи тврди дека изјавата на актуелниот министер потврдува оти протоколите не се дел од преговарачката рамка. Муцунски возврати дека Османи ги извртува фактите и дека токму тој ја довел државата во сегашната позиција.
Иако двајцата се согласуваат дека вториот протокол формално не е дел од рамката, спорот е околу неговото влијание врз текот на преговорите со Европската унија и политичката одговорност за прифатените обврски.
