Седум репрезентации обезбедија втор круг

26.09.2014 13:21

По три кола на женскиот одбојкарски мундијал во Италија, познати се скоро половината од патниците во втората рунда, каде што репрезентациите ќе бидат поделени во две групи со по 8 тима. Доминиканската Република, Германија, Италија и Кина ќе бидат дел од друштвото Е, а во групата Ф веќе се пласираа Бразил, Русија и САД.
 
Италија со максимален ефект, Доминиканската Република која што загуби два сета и бод против Хрватска, но има три победи и Германија со две победи и со еден пораз, се трите првопласирани селекции групата А.
 
Бразил е на лидерската позиција во групата Б со максимални 9 бодови, каде што Србија има само бод помалку и има шанса уште во следното коло да се најде во втората фаза. Русија и САД се со максимален ефект во групата Ц, а Кина има три победи во групата Д.
 
Денеска е слободен ден.
 
Резултати од вчера:
 
Канада - Бразил 0:3
Германија - Тунис 3:0
Порторико - Азербејџан 2:3
Тајланд - Мексико 3:0
Хрватска - Дом. Реп. 2:3
Камерун - Србија 0:3
Казахстан - Рузија 0:3
Куба - Јапонија 0:3
Аргентина - Италија 0:3
Белгија - Кина 0:3
Холандија - САД 0:3
Турција - Бугарија 2:3