Владините мерки му помагаат на стопанството пред предизвиците
Владината мерка за вработување за раст на фирмите е добредојдена за стопанството кое е пред есенските предизвици. Зголемен интерес на фирмите за развој…

На македонското стопанство му треба секоја позитивна мерка. Од ланските 46, сега се 65 апликации во Прилеп за мерката вработување и раст на правните субјекти што го зголемува оптимизмот во стопанството.
Прилепскиот Центар за вработување анализира дека фирмите се подготвени да се стабилизираат и да се концентрираат на развојот.
Стопанството е претпазливо и проектира големи предизвици за наесен, особено што Централната европска банка во преден план ги стави инфлаторните движења како нус-појава од воените движења на Блискиот исток. Ваквите владини мерки се за поздравување, особено што досега мерката ја искористиле 1.300 фирми за околу 1.700 вработувања.
Секоја мерка за стопански развој е добредојдена.
Елизабета Митреска
