Временска прогноза
Сончево со мала до умерена локална облачност
26.07.2026 08:40
Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
