Македонија

Се повеќе дечиња бараат логопедска помош

26.07.2026 19:09

Се повеќе деца со говорни нарушувања, бараат помош од логопед. Ординациите во овој период со исполнети термини и со дечиња на иселениците, кои летото го минуваат во земјава. Современиот начин на живот и прекумерната употреба на технологијата, влијаат врз развојот на говорот…

Расте бројот на дечиња со говорни нарушувања, кои бараат помош од логопед. Периодов поддршка бараат и децата на иселениците кои се на летен одмор. Логопедите со исполнети термини.

Потенцираат поголеми или помали проблеми со говорот, артикулацијата, има кај деца на различна возраст. Причините може да бидат различни, психолошки, но и средински. Се препорачува да се намали користењето на модерните технологии, а повеќе време да се посвети на разговор со родителите.

„Тие не го доживуваат светот, не си играат со играчки за нивна возраст, туку се ставени пред екрани. Се јавува фрустрација и нервоза кај нив, се навикнати со еден клик да доаѓаат и допридонесува многу до забавен развој кај децата. Родителите да обратат внимание уште од најмала возраст на децата, доколку немаат контакт со очи, вртење на име, некое отстапување, да се консултираат и доколку има потреба да се започне уште од најмала возраст, може и година и пол, две години“, истакна Симона Трајковска, претседател на Здружение „Чекор плус“ Куманово.

„Најчести причини секако дека влијае и технологија врз целокупниот развој на дечињата, но имаме секако и проблематики кои не се како резултат на тоа најчесто може да се дислалиите, развојните нарушувања кај децата и граматизмот“, истакна логопед Марија Тасевска.

Раната интервенција потенцираат има големо значење во говорно јазичниот развој кај децата.

Елена Георгиевска