Одбележување

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

26.07.2026 09:16

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес што го промени ликот на градот, одзеде повеќе од илјада човечки животи, повреди илјадници граѓани и остави десетици илјади без своите домови. Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието и претставници на Град Скопје ќе положат венци со цвеќе пред споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во Бутел...

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес што го промени ликот на градот, одзеде повеќе од илјада човечки животи, повреди илјадници граѓани и остави десетици илјади без своите домови. Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието и претставници на Град Скопје ќе положат венци со цвеќе пред споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во Бутел.

Вечерната програма ќе започне во 19:30 часот во Музејот на Град Скопје со отворање на изложбата „63 години – Скопје ’63“, чиј автор е Зоја Богдановска. Во 20:30 часот во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена и изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, составена од досега неприкажани фотографии на Васил Хаџиманов од погребните и тажачките обреди по земјотресот. Одбележувањето ќе заврши со концертот „Скопје радост моја“, посветен на легендарните шлагери на Драган Мијалковски, кој ќе се одржи од 21 часот кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк.

Скопскиот земјотрес во 1963 година е познат како една од најголемите трагедии кои се случиле во историјата на градот, но истовремено и шанса светот да ја покаже својата солидарност и да помогне во опоравувањето на заедницата.