Железници
Кражба на енергетска инфраструктура за железница
25.07.2026 19:51
Штетата се проценува на околу пет милиони евра...

Кражба на електровлечната подстаница во Драчево. Штетата се проценува на околу пет милиони евра. Властите тврдат дека и покрај инцидентот, железничкиот сообраќај ќе се одвива непречено. Од објектот биле отстранети речиси сите уреди и елементи неопходни за неговото функционирање.
Двата електроенергетски трансформатори биле насилно превртени, а вредните компоненти целосно извадени и однесени.
