ГЕРМАНИЈА

Едно лице загина, а најмалку 16 се повредени во инцидентот на Парадата на гордоста во Берлин

26.07.2026 10:01

Властите започнаа потрага низ градот по 21-годишниот осомничен Абдул Б. Според изјави на сведоци, неколку лица се здобиле со убодни рани, а други изјавиле дека виделе лице облечено во црна облека и вооружено со мачета...

Возило влета во толпа синоќа за време на одржувањето на Парадата на гордоста во Берлин, при што едно лице загина, а најмалку 16 се повредени, поради што полицијата ја прекина манифестацијата. Властите започнаа потрага низ градот по 21-годишниот осомничен Абдул Б. Според изјави на сведоци, неколку лица се здобиле со убодни рани, а други изјавиле дека виделе лице облечено во црна облека и вооружено со мачета.

„Врз основа на првичните наоди на истражителите, веќе идентификувавме осомничен сторител. Мерките против овој осомничен, кој сè уште не е уапсен веќе се во тек. Тој ни е познат како член на исламистичките „кругови“ тука во Берлин. И нашата потрага по ова лице продолжува со полна брзина“, изјави Флоријан Нат, портпарол на полицијата во Берлин.