граници

Утре штрајк на грчките царински службеници на граничните премини Евзони, Дојрани и Ники

26.07.2026 11:12

Ќе трае од пет до девет часот наутро по македонско време. Патничките возила ќе се пропуштаат на секои десет минути, товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин за влез и излез од Грција...

Утре почнува штрајкот на грчките цариници на трите премини со земјава, Евзони, Дојрани и Ники. Ќе трае од пет до девет часот наутро по македонско време. Патничките возила ќе се пропуштаат на секои десет минути, товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин за влез и излез од Грција.

Од македонската Царинска управа информираат дека за време на прекинот во работата, патничките возила ќе бидат пропуштани периодично. Товарниот сообраќај во тој период ќе биде целосно во прекин, а исклучок може да бидат товарни возила со леснорасиплива стока. Воедно апелираат до возачите да го имаат предвид најавениот прекин и навремено да го планираат своето патување.

Царинските службеници од македонска страна ќе работат нормално и ќе бидат преземени сите потребни дејства за намалување на евентуалните непријатности за патниците и превозниците, стои во соопштението.