Вонредна седница: Владата носи пакет мерки против болеста син јазик

26.09.2014 13:25

Повеќе од 6 илјади јагниња и овци досега угинаа поради оваа добиточна болест...

Вонредна седница на Владата на која ќе се донесат пакет мерки против болеста син јазик која ја заразува стоката особено во Источна Македонија.

Повеќе од 6 илјади јагниња и овци досега угинаа поради оваа добиточна болест. Сточарите алармираа дека болеста драстично ќе го намали извозот, како и производството на млеко.

Вирусот син јазик ги има зафатено и соседните држави. Ова заболување ги напаѓа овците, козите и говедата, но не е опасно за луѓето.