Одбележување

Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес пред 63 години

26.07.2026 17:55

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес што го промени ликот на градот. Непогода која одзеде 1.070 животи, повреди илјадници граѓани и остави десетици илјади без своите домови.

Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес пред 63 години што го разурна главниот град и однесе над 1.000 жртви. Точно во 5 часот и 17 минути сведочи и часовникот на Старата железничка станица во Скопје која остана како споменик на природната катастрофа што го погоди градот. По катастрофалниот потрес од 6,1 степен по Рихтер и помалите потреси подоцна почна акцијата за спасување од под урнатините над 15 илјади објекти најпрвин со спасувачи од поранешна Југославија. Скопје стана град на меѓународната солидарност оти за првпат овде во време на Студената војна се сретнаа и работеа заедно спасувачки екипи на Русија и САД, а помош за повторна изградба пристигнала од 87 држави во светот по плановите од јапонскиот архитект Кензо Танге. Во сеќавање на катастрофалниот земјотрес во 1963-та година делегации на Собранието и Градот Скопје положија цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот.

Скопје ја научи лекцијата за сеизмичката безбедност на градбите, но дали за правилно, планско и безбедно градење најголема закана се земјотресите или човечките пропусти.

Скопје во својата историја три пати разурнуван од земјотреси. Најпрво престолнината Скупи на римската провинција Дарданија на местото на денешно Злокуќани и Бардовци била уништена во 518 година. Скопје потоа бил изграден на денешната локација, за да повторно биде разурнат од земјотрес во 1555 година.

 

Ирина Гелевска