Захнер: Билатералните спорови го кочат патот кон ЕУ
Според американскиот аналитичар Лук Захнер, проблемот не е во реформите, туку во тоа што Европската унија не зборува со еден глас, а билатералните спорови се претворија во пречка за проширувањето...

И покрај тоа што Европската унија го прогласи проширувањето за стратешки приоритет, Македонија и натаму останува блокирана на патот кон членството. Според американскиот аналитичар Лук Захнер, проблемот не е во реформите, туку во тоа што Европската унија не зборува со еден глас, а билатералните спорови се претворија во пречка за проширувањето. Тој потсетува дека и еврокомесарката Марта Кос јавно оцени дека Северна Македонија постигнала значителен напредок во реформите и дека тоа е признаено и преку европската финансиска поддршка.
Со Лук Захнер во Вашингтон, разговараше специјалениот известувач за МРТ, Јане Бојаџиевски.
