Променливо облачно и топло, наместа пороен дожд, грмежи и силен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 километри на час), електрични празнења и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени – информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.
