Собрание

Предлог за измени и дополнувања на Буџетот за 2026

27.07.2026 08:31

Со ребалансот се планирани вкупните приходи на речиси 380 милијарди денари, додека расходите се проектирани на близу 426 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од бруто-домашниот производ, а очекуваниот економски раст е поставен на 3,5 проценти...

На собраниска седница Предлогот за измените и дополнувањата на Буџетот за годинава, во второ читање. Со ребалансот се планирани вкупните приходи на речиси 380 милијарди денари, додека расходите се проектирани на близу 426 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од бруто-домашниот производ, а очекуваниот економски раст е поставен на 3,5 проценти. Дополнителни средства се предвидени за земјоделските субвенции, железничкиот сообраќај, спортот, студентскиот и ученичкиот стандард и за здравствената и социјалната заштита. Повеќе пари се насочуваат кон социјалните надоместоци за поддршка на најранливите категории граѓани.

Најголемото зголемување е кај капиталните инвестиции, за кои се планирани околу 46 милијарди денари, за 14,5 проценти повеќе во споредба со првично донесениот буџет.