САД

Сиетл: Пукање на фестивал за храна, има мртви и ранети

27.07.2026 12:47

Најмалку петмина се повредени меѓу кои и 2-годишно дете. Голем број полицајци и екипи на итната медицинска помош интервенирале на местото на настанот...

Две лица се убиени во пукотница на популарниот фестивал за храна во центарот на Сиетл. Најмалку петмина се повредени меѓу кои и 2-годишно дете. Голем број полицајци и екипи на итната медицинска помош интервенирале на местото на настанот.

„На почетокот пукањето навистина звучеше како огномет. Сè се случи многу брзо. Сите почнаа да бегаат, па и ние едноставно трчавме со толпата додека не дојдовме на безбедно место. Беше навистина страшно“, изјави Лиен Коулс, сведок на пукањето.

Полицијата потврди дека го истражува инцидентот и ги замоли граѓаните да ја избегнуваат оваа област.