Економија
РКЕ: Попладне одлука за нова цена на парното и горивата
27.07.2026 10:00
Со претходната одлука Регулаторна ја зголеми цената на дизелот за шест денари, а цената на бензините порасна за три денари...

Денеска се очекува Регулаторната комисија да ги објави малопродажните цени на горивата, како и одлуката за цената на парното греење.
Поради состојбата на Блискиот Исток цената на нафтата на светските берзи е во пораст. Со претходната одлука Регулаторна ја зголеми цената на дизелот за шест денари, а цената на бензините порасна за три денари.
Од Владата велат дека Македонија останува земја со најевтини цени на горивата и оти се подготвени да интервенираат доколу цените на светските берзи значително се зголемат.
