Македонија

Беким Сали оствари средба со државниот секретар за ЕУ на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос

27.07.2026 16:20

На средбата се разговараше за напредокот на процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија, спроведувањето на Реформската агенда, како и за актуелните случувања во рамките на политиката на проширување на Европската Унија...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со државниот секретар за Европската Унија на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос, кој престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за напредокот на процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија, спроведувањето на Реформската агенда, како и за актуелните случувања во рамките на политиката на проширување на Европската Унија.

Министерот Сали се заблагодари за континуираната поддршка што Шпанија ја дава на европската перспектива на нашата држава, истакнувајќи дека зачувувањето на кредибилитетот на политиката на проширување претставува стратешки интерес не само за Северна Македонија, туку и за стабилноста и безбедноста на целиот регион.

Соговорниците ги потврдија одличните билатерални односи меѓу двете земји и ја изразија подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката во поддршка на европската агенда на Република Северна Македонија.