Во Франција свикан кризен состанок, пожарот закана за Бордо
Пламени јазици што голтаат илјадници хектари шума, пеплосани домови, уништена инфраструктура – климатските промени ни праќаат разгледница од суровата иднина. Повеќе од 300.000 луѓе се раселени поради шумски пожари во Франција и Шпанија...

Пламени јазици што голтаат илјадници хектари шума, пеплосани домови, уништена инфраструктура – климатските промени ни праќаат разгледница од суровата иднина. Противпожарните екипи во Франција и во Шпанија неколку дена се во немилосрдна борба со незапамтените шумски пожари. Огнениот монструм во Франција се побрзо се приближува до винскиот регион Бордо. Состојбата е особено драматична поради силниот ветер, високата температура и сушата кои дополнително ги комплицираат напорите за гаснење на огнот.
Француските пожарникари со тешка механизација намерно ги сечат дрвата, во очајнички обид да се спасат животи и имот.
„Стратегијата е да се отстрани што е можно повеќе гориво од патот на пожарот. Затоа се расчистува целата вегетација – за да се создаде широка лента за запирање на огнот. Ова ни овозможува да ги позиционираме нашите камиони и да воспоставиме она што го нарекуваме „линија за поддршка“ за да го намалиме интензитетот на пожарот и да го спречиме понатамошното напредување“, изјави Матие Жомен, портпарол на противпожарната служба во Франција.
Во Франција е во тек најголема евакуација на населението од втората светска војна. Над 300 илјади лица беа принудени да ги напуштат своите домови. Најкритичниот пожар е во регионот Жиронда каде што е регистрирана огромна огнена бура. Жителите во овој регион доцна синоќа беа експресно евакуирани.
Францускиот претседател свика итен состанок поради состојбата со пожарите.
„И властите и медицинските лица беа неверојатно подготвени, имаше и волонтери. Навистина сме им благодарни за се“, рече Меги Бојд, евакуирана.
И шпанските пожарникари се борат со нов голем шумски пожар во близина на Валенсија. Евакуирани се над 15 илјади луѓе. Пожарот е интензивен и непредвидлив поради, дополнителна грижа е најавата за влошување на временските услови. Не претстојат тешки часови, предупреди премиерот Санчез по посетата на покраината Авила.
Маја Стојанова
